Трамп: САД автоматски да не им помагаат на членките на НАТО

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека би било можно САД под негово водство да не бранат некои членки на НАТО доколку би биле нападнати од Русија. Во интервју за „Њујорк тајмс“ тој изјави дека како претседател ќе решел дали да ги штити балтичките земји од руска агресија само врз основа на тоа дали тие ги исполниле обврските спрема САД. Ова интервју е дадено пред денешниот негов говор на Конвенцијата на републиканците на кој треба да ги образложи неговите ставови и во врска со американската надворешна политика. Тој во интервјуто додаде дека нема да ја критикува Турција поради сузбивањето на противниците и ограничувањето на слободите по обидот за државен удар.