САД го обвинија основачот на пиратскиот сајт КАТ

Американските власти го обвинија украинецот Артем Ваулин кој го основа најголемиот пиратски веб сајт што дистрибуира илегално копирани филмови, музика и други содржини во вредност од над милијарда долари. 30 годишниот Ваулин од Харкив, Украина беше уапсен вчера во Полска под обвинение за кршење на правата за копирање и издавање материјали, за перење пари и за други дела кои се во спротивност со американските закони. Ваулин е сопственик на „Кикас“ Торентс или КАТ кој во изминативе години стана нејголемиот извор на пиратски материјали и е 69 најпосетена веб страница на интеренет.