Хан: договорот важен чекор за крај на политичката криза

Јоханес Хан

Комесарот за преговори за проширување на Европската унија Јоханес Хан го поздрави договорот меѓу четирите главни политички партии во Македонија за ставање крај на политичката криза што речиси две години трае во земјата. „Добри вести од Македонија: политичките партии постигнаа договор за отворените прашања во разговорите за договорот од Пржино. Важен чекор кон ставање крај на политичката криза. Сега треба да се зачува моментумот: целосно спроведување на клучните реформи за одржлив напредок“, порача Хан на Твитер. Со вчера постигнатиот договор, меѓу другото се предвидува датумот на парламентарните избори да биде одреден до 31 август, како и формирање техничка влада 100 дена пред изборите.