Напаѓачот на воз во Германија бил Пакистанец, не Авганистанец

Германските медиуми објавија дека напаѓачот на возот бил од Пакистан, а не Авганистанец, како што претходно се тврдеше. Момчето на возраст од 17 години со нож и секира нападна патници во воз, а потоа беше убиен од полицијата. Документите пронајдени во собата на тинејџерот покажа дека тој имал пакистанско државјанство, а побарал азил во Германија. При нападот пет луѓе се повредени. Милитантната група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот и објави видео на кое наводно е прикажан напаѓачот пред да го изведе нападот, како ветува дека ќе спроведе операција во Германија. Германските власти инсистираат на тоа тој да не се поврзува со екстремистичката организација.