Иран: САД го минираат договорот за нуклеарната програма

Американските власти не го исполнуваат договорот за нуклеарната програма склучен минатата година и со тоа ги туркаат Техеран и Вашингтон во конфронтација, рече претседателот на иранскиот парламентот Али Лариџани. Лариџани кој помогна договорот склучен меѓу Иран и шестте светски сили да добие поддршка од Парламентот, денеска рече САД поставуваат пречки на патот Иран да се врати во светската економија. Лариџани вели дека откако е постигнат договорот, американскиот Конгрес донел 52 закони и санкции во врска со Иран. Со тоа, вели парламентарниот спикер, не му се остава друг избор на Иран освен да се конфронтира со САД.