Тодоров се надева на приближување на ставовите

Се надевам дека е можно да се приближат ставовите. ВМРО-ДПМНЕ оди на тие преговори со цел да се договори, да се најде решение и да се заврши целата оваа криза, изјави денеска вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров кој ја претставува ВМРО-ДПМНЕ на меѓупартиските преговори за надминување на политичката криза. Тој вели дека тие направиле многу отстапки, само да се реши кризата, а ако има желба за договор, договор ќе има. На прашање дали досега немало отстапки од другата страна, рече дека ќе биде неискрен ако каже дека немало воопшто. Тодоров беше во посета на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, пред денешното продолжение на меѓупартиските преговори.