Српската полиција уапсила 6 шверцери на луѓе

Српската полиција соопшти дека уапсила шест лица за шверцување на 78 мигранти до Европската унија. Полицијата прецизира дека станува збор за два одвоени случаја во близина на границата со Бугарија при што мигрантите биле од Авганистан, Пакистан и Сирија. Србија најави дека ќе ги зголеми напорите за спречување на мигрантскиот бран, вклучувајќи формирање заеднички воено полициски тимови кои ќе контролираат на границите со Бугарија и Македонија. Балканската рута беше затворена во март, но приливот на мигранти и натаму продолжува.