Републиканците го номинираа Доналд Трамп за претседател

Републиканците и формално го номинираа милијардерот Доналд Трамп за нивен претседателски кандидат и покрај несогласувањата во нивните редови за неговата способност на таа функција. „Заедно постигнавме историски резултат со рекордни гласови во историјата на Републиканската партија. Ова е движење, но ни треба уште многу за да го минеме целиот пат“, изјави Трамп во видео пораката до делегатите на партиската конвенција во Кливленд, Охајо. Трамп на 8 ноември годинава, најверојатно ќе се соочи со својот ривал од Демократската партија Хилари Клинтон. Таа се очекува да ја добие кандидатурата на партиската конвенција во идната недела во Филаделфија.