Времето денеска: сончево со умерена облачност

Во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 24 до 31 степен. Во Скопје сончево со умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 29 степени.