САД ќе санкционира противници на судски реформи во Албанија

Американскиот амбасадор во Албанија, Доналд Лу.

Американскиот амбасадор во Албанија, Доналд Лу предупреди дека Вашингтон ќе преземе мерки против албански политичари кои нема да гласаат за реформи во судството, што се сметаат клучни за почеток на преговорите за членство на Албанија во ЕУ.

Тој денеска изјави дека мерките ќе бидат „сериозни и долгорочни“, без да соопшти детали.

Лу го обвини лидерот на опозициската Демократска партија Љулзим Баша дека постојано ги менува ставовите во врска со предлог-законот.

Комисијата за надворешни работи во Европскиот парламент и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан настојуваат албанските политичари в четврток, на 21 јули, да го усвојат пакетот реформи.