Турција расчистува и со образовниот сектор

Турските власти прогласија 21 илјада наставници кои работат во приватните институции за неработоспособни како дел од акциите по неуспешниот обид за државен удар. Претходно Советот за високо образовани во Турција побара да бидат отпуштени од работа 1.577 декани и професори на државни и приватни факултети. Телевизијата Си-Ен-Ен Турк јави дека таа бројка е речиси половината од професорскиот кадар на турските факултети. Турското Министерство за образование соопшти дека отпушти од работа 15.200 вработени поради поврзаност со неуспешниот обид за воен удар.

Одлуката е донесена по чистките на илјадници вработени во армијата, полицијата, судскиот систем, разузнавањето, Министерството за финансии, Кабинетот на премиерот и Дирекцијата за религиозни прашања.

Турција покрена судски процеси против 9.332 луѓе под обвинение дека се вмешани во обидот за воен удар, соопштија денеска турските власти.