Продолжен притворот на Зоран Божиновски

Новинарот Зоран Божиновски осомничен во случајот Шпион доби уште 30 дена притвор, одлучи Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 - Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција. Тој е осомничен дека сторил кривично дело злосторничко здружување, шпионажа и уцена. За овие кривични дела Божиновски беше гонет во текот на 2013 година, но поради неговата недостапност на органите на прогонот истрагата беше прекината и продолжи по екстрадиција на обвинетиот од Србија во Македонија на 21 април годинава.