Хејг со 10 совети за Џонсон

Поранешниот министер за надворешни работи на Велика Британија, Вилијам Хејг објави отворено писмо со „10 најважни совети“ за новиот шеф на британската дипломатија Борис Џонсон. Еден од советите е да го задржи силното влијание на Лондон на западен Балкан. Во текстот во весникот Телеграф, поранешниот министер наведува дека „присуството и влијанието на Велика Британија на западен Балкан е од витално значење со цел да не се вратиме на конфронтација“. Тој на новиот шеф на дипломатијата му порача да ја искористи „необичната предност“ која ја има со тоа што истовремено е многу познат и многу потценет. Поранешниот шеф на дипломатијата го повика Џонсон да ја насочи политиката кон Турција и Блискиот Исток, главните кризни точки во меѓународните односи, но и да ги поправи односите со Кина. Советува и новиот министер да оди во Америка, веднаш и да објасни што ќе се промени, а што нема по Брегзитот.