Анкара испратила досиеја за екстрадиција на Ѓулен

Турскиот премиер Бинали Јилдирим рече дека Анкара испратила досиеја до Соединетите Држави со барање за екстрадиција на проповедникот Фетула Ѓулен кој се наоѓа во САД, за неговата вмешаност во обидот за државен удар во Турција. Премиерот вели дека испратиле четири досиеја, а доколку сакаат ќе им приложат дополнителни докази. Тој ги обвини САД дека имаат двојни стандарди во борбата против тероризмот. Официјален Вашингтон вели дека ќе размисли за екстрадиција само доколку се приложат јасни докази. Турските власти го обвинуват Ѓулен за оркестрирање на обидот за воен удар, во кој повеќе од 200 луѓе беа убиени. Тој пак го осуди обидот за државен удар и негираше каква било вмешаност.