Путин ќе ги суспендира вмешаните во допинг на спортисти

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските функционери кои се обвинети од Светката антидопинг агенција за прикривање на допингувањето спортисти ќе бидат суспендирани за време на истрагата. Тој сепак побара подробни информации во врска со нивната вмешаност. Во извештајот на Агенцијата објавен вчерасе наведува дека биле пронајдени докази за државно дозволено допингување на руски спортисти за време на Олимпијадата во Сочи. Меѓународниот олимписки комитет изрази шокираност од ваквите наводи и најави остри мерки.