Во воздушни напади во Сирија загинале 21 цивил

away from the center, on June 4, 2016.

Најмалку 21 цивил загина во воздушните напади од коалицијата предводена од САД врз и околу упориштата на екстремистичката група Исламска држава во северниот дел на Сирија. Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон, соопшти дека најмалку 15 луѓе биле убиени во Манбиџ, а шест други во едно село во близина на градот. Демократските сили на Сирија предводени од Курдите започна акција за да го преземат Манбиџ кој е во рацете на ИД. Операцијата принуди илјадници луѓе да избегаат, а десетици илјади цивили се убиени или се уште се наоѓаат во градот. Демократските сили презедоа голема територија од ИД во северна и североисточна Сирија. Ако го заземат Манбиџ тоа ќе биде најзначајна победа за нив.