НАТО - Турција да го почитува владеењето на правото

Турција мора целосно да го почитува владеењето на правото и демократските слободи, како и секоја друга членка на Алијансата, изјави шефот на НАТО, Јенс Столтенберг по телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Шефот на НАТО рече дека ја поздравува силната поддршка што ја покажаа луѓето и политичките партии на демократијата и демократски избраната влада.

„Турција е ценет сојузник во НАТО, со нив сме солидарни во ова тешко време“, додаде тој.


Претходно американскиот државен секретар Џон Кери и шефот за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини го предупредија Ердоган да не презема драконски мерки против осомничени за државен удар и нивните поддржувачи.