МОК ќе преземе санкции за рускиот допинг

Шокантен и невиден напад врз интегритетот на спортот и Олимписките игри е наодот на Светската aнтидопинг агенција за руските спортисти, соопшти денеска Меѓународниот олимписки комитет (МОК). Од Комитетот велат дека нема да се двоумат да ги преземат најтешките санкции кои им се на располагање. Во соопштението, претседателот на МОК, Томас Бах, наведува дека МОК внимателно ќе ги проучи комплексните и детални обвинувања, особено во однос на руското Министерство за спорт. Светската антидопинг агенција денеска соопшти дека руските власти спонозорирале допинг на руските спортисти на Олимписките игри во Сочи. Според извештајот руското Министерство за спорт ги надгледувало манипулациите на резултатите од анализата на спортистите.