Казахстанските власти уапсија исламист за нападите

Казахстанските власти велат дека го уапсиле напаѓачот виновен за неколку напади во Алмати.Претседателот Нурсултан Назарбаев рече дека станува збор за „терористички чин“ против полицијата. Во нападите загинаа седум луѓе, а осум се повредени.Полициските власти го опишуваат напаѓачот како радикален исламист. Властите утрово покренаа антитерористичка операција и го подигнаа нивото на закана на црвено, но потоа беше сведено на жолто.

Властите првично изјавија дека станува збор за двајца осомничени, но излезе дека другиот човек бил возач принуден да го вози осомничениот.