Руските власти спонзорирале допинг на Игрите во Сочи

Руските власти спонозорирале допинг на руските спортисти на Олимписките игри во Сочи, ги објави денеска резултатите Светската антидопинг агенција.
Во извештајот на независната комисија на светската Агенција се наведува дека откриле оти лабораторија во Москава ги штитела руските алтелтичари за време на Олимписките игри во 2014. Во извештајот, кој го изработи тим предводен од канадскиот професор по право и спортски адвокат Ричард Мекларен се наведува дека руското Министерство за спорт ги надгледувало манипулациите на резултатите од анализата на спортистите. На Русија и е веќе забранено да учествува на светски натпревари во атлетика поради скандали со допинг.