Путин и Ердоган ќе се сретнат во август

Претседателот на Русија Владимир Путин разговарал денеска телефонски со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на иницијатива на руската страна при што му изразил сочувство поради многубројните жртви во обидот за извршување воен удар во Турција, соопшти денеска прес-службата на Кремљ.

Путин и Ердоган ја разгледале можноста за одржување билатерална средба во август, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

По телефонскиот разговор на двајцата претседатели бил постигнат договор за билатерлна средба во првата недела од август, јави турската телевизија НТВ, повикувајќи се на извор од турското претседателство.