Турските власти уапсиле 103 генерaли и адмирали

Турските власти уапсиле 103 генерaли и адмирали по нeуспешниот обид за воен удар, јавија денеска државните медиуми. Новинската агенција Анадoлија јавува дека се уапсени високи воени претставници. Повеќе од 6.000 луѓе се уапсени по обидот за пуч, а Ергодан вети дека акцијата за „чистење“ на земјата ќе продолжи. Многу полицајци, гувернери, судии беа отуштени од своите работни места.

Опозициската Републиканска народна партија денеска соопшти дека одговорот на властите мора да се спроведуваат во рамки на законот. Според нив на обвинетите може да им се суди во судови, а војската не смее да се претставува како непријател. Во меѓувреме, осум турски воени лица кои со хеликоптер слетаа во Грција за време на државниот удар, се очекува денеска да се појават на суд во грчкиот град Александрополис. Тие се обвинети дека нелегално влегле во друга земја. Сите осуммина побарале азил во Грција, а Турција бара да и бидат испорачани. Во Саудиска Арабија, властите го уапсија турскиот воен аташе во Кувајт под сомневање за вмешаност во обидот за државен удар, објавија денеска локалните медиуми.