Могерини: Анкара да не презема мерки против уставниот поредок

Федерика Могерини

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини денеска ја предупреди турската влада да не презема мерки што ќе го нарушат уставниот поредок во земјата по неуспешниот обид за воен удар. „Ние бевме првите кои во таа трагична ноќ кажавме дека легитимните институции треба да бидат заштитени“, изјави Могерини при пристигнувањето на седницата на Советот на Европската Унија за надворешни работи. „Ние сме оние кои денеска кажуваме дека во земјата треба да се обезбеди владеење на законот“, додаде таа.