Продолжува заложничката драма во Ерменија

Ерменските власти ги отфрлија барањата на група вооружени лица кои држат заложници во една полициска станица во главниот град Ереван. Претставници на Националната служба за безбедност ја предупредија групата дека мора да им се предаде на безбедносните сили за да се стави крај на ќор-сокакот, кој започна на 17 јули, кога вооружени лица упаднаа во една полициска станица. Притоа еден полицаец бил убиен, додека четворица други ранети. Напаѓачите, членови на опозициската група Основачко Собрание држи непознат број заложници во полициска станица. Тие бараат ослободување на нивниот лидер, Зирајир Сефилиан кој беше уапсен во минатиот месец под обвинение за поседување оружје.