Приведени нови лица за нападите во Ница

Француски официјални лица соопштија дека полицијата уапсила уште две лица во врска со нападот во туристичкиот град Ница, во кој загинаа најмалку 84 лица, а беа повредени околу 300 други.

Новинските агенции објавија дека еден маж и една жена биле уапсени во утринските часови во Ница, но не наведоа повеќе детали.

Пет други лица веќе се во притвор, вклучувајќи ја и жената на возач на камионот, 31- годишниот Мохамед Лахоиеј Булел, кој дивееше на шеталиштето во Ница.

Властите се обидуваат да утврдат дали тој дејствувал сам во смртоносниот напад на 14 јули.

Екстремистичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот.