Спасовски:Да се провери дали началникот на 5 та управа е на боледување

Генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски на прес-конференција побара од надлежните институции да проверат дали началникот на петтата управа Горан Грујевски, кој е под истрага на СЈО, е на боледување, како што тврди министерот за внатрешни работи Митко Чавков.

Тој се осврна на изјави на министерот Чавков дека против Грујовски не може да се преземат соодветни правни постапки, затоа што бил на боледување.

- Ова е извод од Управата за јавни приходи од којшто може да се види дека Горан Грујевски прима целата плата!. Овој документ упатува на тоа дека Грујевски не е на боледување, рече генералниот секретар на СДСМ.

Спасовски преди дека институциите во Македонија и вработените во нив се должни да работат според законите и Уставот.