Ердоган ги повика граѓаните да останат на улиците

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган денеска испрати масовна СМС порака повикувајќи ги граѓаните да останат на улиците во подршка на демократијата и мирот, јавуваат агенциите .СМС пораката која им пристигна на сите корисници на мобилната телефонија е потпишана од Ердоган, а граѓаните во неа се молат да останат на улиците против анти владините сили.

Демонстрантите кои денеска излегоа на улиците во Истанбул носеа во рацете црвено-бели знамиња и се собраа на главните улици на градот.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган беше снимен од државната агенција Анадолија како се сретнува и се поздравува со своите поддржувачи во азискиот дел на Истанбил.