Во Франција полицијата приведе четири лица

Четири лица се уапсени во Франција во врска со истрагата за нападот во Ница, во кој загинаа 84 лица. Полицијата соопшти дека дека три лица се уапсени рано изутрината, а уште еден е уапсен претходниот ден. Жената на возачот , исто така, ќе биде однесена на сослушување за да утврдат мотивите на напаѓачот.

Напаѓачот кој беше Французин со туниско потекло е идентификуван како 31-годишниот Мохамед Лахолеј Бухлел. Тој беше застрелан од полицијата.

Француските власти се обидуваат да утврдат дали тој делувал сам или имал соучесници и дали неговите мотиви за нападот се поврзани со радикалниот ислам.

Bухлел е роден во Тунис, но се преселил легално во Франција. Тој е опишан како осмен и склони кон пиење и оти бил пред развед од неговата сопруга. Неговиот татко за француската телевизија кажа дека Бухел не бил религиозен и не одел ниту во џамија. Во Франција се одржува тридневна жалост за жртвите од нападот во Ница.