Меркел и Медведев разговарале за кризата во Укрина

За брзо спроведување на мировниот договор од Минск за источна Украина се заложиле германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот премиер Дмитри Медведев на маргините на Самитот Азија - Европа во Улан Батор. Самитот кој се одржува во главниот град на Монголија започна со едноминутен молк за жртвите од нападот во Ница. На самитот учествуваат земји членки на ЕУ, членки на Асоцијацијата на југоисточни азиски земји, потоа Кина, Јапонија и Јужна Кореја. Самитот завршува утре, а има за цел зајакнување намеѓународната соработка во областа на трговијата и авијацијата. На дневен ред се и напорите за борба против тероризмот. Се очекува да стане збор и за излегувањето на Британија од ЕУ и последиците од тоа. На Самитот нема претставници на Велика Британија.