Груевски - СДСМ и штети на државата

Однесувањето на СДСМ во врска со еврообрзницата е деструктивно и беше очекувано, бидејќи сакаат нам да ни наштетат, а со тоа всушност и прават штета на државата, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по посетата на Вевчани.

Тој додаде дека познавајќи го начинот на работење на инвеститорите, сосема нормално е во таква ситуација тие да побараат неколку дена за да извршат проверки на вистинитоста на податоците, затоа што средствата со кои тие инвестираат не са само нивни, туку се и на многу инвеститори кои им ги довериле парите да ги инвестираат заедно преку инвестицискиот фонд.