Партиите и денеска без договор за излез од кризата

Без договор завршија и денешните партиски преговори за излез од кризата. Американскиот амбасадор Џес Бејли по денешниот состанок на партиите потписнички на Договорот од Пржино рече дека имало извесен напредок. Тој е оптимист дека ќе се најде решение на отворените прашања за да може Македонија да оди напред. Тој во име на САД и на ЕУ изјави дека им оставаат простор на партиите во текот на викендот да размислат за понудените опции, а преговорите да продолжат од следната недела. Партиските претставници не дадоа изјави по средбата.