ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лаже за еврообврзницата

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на потпретседателот на СДСМ Кире Наумов наведува дека опозициската партија направила „уште едно финансиско злосторство обидувајќи се со лаги и невистини да го блокира издавањето на еврообврзницата, која е вообичаен начин на финансирање на секоја европска држава“.

Опасноста за финансиско злосторство врз граѓаните останува, оти процесот на издавање на еврообврзницата од 650 милиони евра е одложен, но не е прекинат, рече на прес конференција Кире Наумов, претседател на Комисија за финансии на СДСМ.