Франција е во жалост

Денеска Франција жали поради чинот којшто се случи и кој не може поинаку да се оцени освен како терористички, во кој загинаа 84 лица, меѓу нив голем број деца, а има и голем број сериозно повредени. Сите во Франција сочувствуваат и сите се во потрага по своите најблиски, изјави денеска во француската резиденција амбасадорката на Франција во Македонија Лоранс Оер .

Таа истакна дека на барање на францускиот претседател Оланд во сите нивни амбасади ќе биде прогласен Ден на жалост во наредните три дена, а ќе биде отворена и Книга на жалост за сите оние кои ќе сакаат да се потпишат во неа.

Оер нагласи дека Франција нема да попушти пред борбата против тероризмот за што, рече, е неопходна целокупната меѓународна соработка.