Претставничкиот дом на САД со нови санкции врз Иран

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои два закона со кои се воведуваат нови санкции врз Иран за продолжување на програмата за развивање балистички ракет. Со тоа на иранската влада и на банките им се забранува пристап во американскиот финансиски систем. Оваа мерка го поткопува нуклеарниот договор со Иран. Американскиот претседател Барак Обама се закани дека ќе стави вето на легислативата.