Времето денеска: сончево, попладне со дожд

Во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло. Попладне ќе настапи значителна промена на времето. На повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Повеќе врнежи ќе има во вечерните и ноќните часови кон сабота, особено во северните делови. Утринската температура од 14 до 22, а дневната од 30 до 36 степени. Во Скопје, претпладне сончево, а попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд ,грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе достигне до 21, а дневната до 33 степени.