Најмалку 80 загинати во нападот во Ница

Најмалку 80 луѓе загинале а десетина други се ранети кога синоќа едно лице со камион влета со голема брзина во луѓе кои го славеа Денот на Бастиља во Ница, на француската Ривиера. Француските власти соопштија дека возачот на камионот бил застрелан и убиен откако над километеар возел низ масата луѓе кои претходно го следеле огнометот по повод празникот на познатата Променад де Англес во Ница. Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека е јасно оти станува збор за терористички напад, трет во Франција во изминативе 18 месеци. Пред осум месеци групата Исламска држава уби 130 луѓе во Париз во најтешкиот од неколкуте терористички напади во Франција и Белгија во изминативе две години. Американскиот пртетседател Барак Обама го осуди нападот во Ница и изрази солидарност со Франција.