Визна либерализација за Грузија од октомври

Грузиските граѓани треба да бидат во можност да патуваат во Европа без визи од октомври, изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. Тој вели дека Грузија ги направи потребните реформи и ги исполни сите услови за визната либерализација. Еврокомесарот вели дека денот кога Грузијците ќе може да ги посети земјите членки на ЕУ без визи се ближи и дека сите формалности треба да завршат до октомври.