ЕК- партиите итно да постигнат договор

Европската комисија ги охрабрува партиите итно да најдат договор за излез од кризата. Од ЕК го поздравија напредокот постигнат вчера на партиските преговори во Пржино. Во соопшението на Комисијата се наведува дека треба да се постигне договор и за преостанатото прашање, а за тоа е потребна добра волја од сите страни. Засега нема најава кога ќе продолжат преговорите.