Спасов: Социјалната помош зголемена за пет проценти

Од денеска примателите на социјална помош ќе добијат зголемување од пет проценти. Паричните средства во износ од 59 милиони денари се веќе обезбедени, рече министериот за труд и социјална политика Диме Спасов. Тој најави дека до крајот на месецот ќе биде исплатена и ветената постојана парична помош со зголемување од пет проценти .Министерот за пензионерите најави дека во декември со ноемвриската пензија ќе биде исплатено ветеното зголемување на пензиите за пет проценти.