ИД објави дека бил убиен еден од нејзините лидери

Омар ал Шишани

Милитантите на Исламската држава синоќа соопштија дека загинал еден од лидерите на оваа група Омар ал Шишани, наречен Чечен. Се наведува дека тој бил убиен во градот Шарка во Ирак, учествувајќи во борба против ирачките силикај Мосул, главното упориште на милитантите на северот на Ирак. Од март годинава се појавија наводи за неговата смрт. Тогаш ирачките власти соопштија дека Ал Шишани бил убиен во воздушни напади на меѓународната коалција, предводена од САД.