На партиските разговори без согласност за едно прашање

евроамбасадорот во Македонија Аиво Орав

Претставниците на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино за надминување на политичката криза во Македонија на средбата која заврши нешто над еден часот по полноќ не постигнале согласност за едно пршање. „За многу прашања е постигната согласност, но остана само отворено едно прашање за кое не се најде решение. За жал, страните во преговорите не беа во можност да постигнат договор вечерва. И се надевам дека ќе продолжиме што е можно побргу“, рече евроамбасадорот во Македонија Аиво Орав, по завршување на средбата. Тој не одговори околу кое прашање партиите не постигнале согласност, а не кажа и за кои прашања се договориле партиите. Неофицијално партиите не можеле да се договорат околу ингеренциите на министерот за внатрешни работи. Претставниците на политичките партии на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, Радмила Шеќеринска, Никола Тодоров, Артан Груби и Имер Алиу, по средбата заминале од резиденцијата на евроамбасадорот Аиво Орав без да дадат изјави за медиумите.