САД прогласи двајца Руси за глобални терористи

Американскиот Стејт департмент денеска прогласи двајца руски државјани поврзани со Исламската држава за „глобални терористи“, меѓу кои и еден чеченски милитант поврзан со крвавите напади на аеродромот Домодедово во Москва во 2011 година. Стејт департментот денеска соопшти дека Аслан Авгазарович Бјутукаев, познат како Амир Хамзат, е водач на Исламската држава во Чеченија и е одговорен за самоубиствените бомбашки напади во Русија, меѓу кои и оној на аеродромот Домодедово во 2011 година, кога загинаа 35 луѓе. Вашингтон исто така го именуваше и Ајрат Насимович Вахитов како „активно ангажиран терорист“. Се наведува дека Вахитов, кој го користи и името Салман Булгарски, се борел за Исламската држава во Сирија и го користи интернетот за да регрутира борци за оваа организација.