НАТО и Русија разговараат за отворените прашања

Амбасадорите од земјите членки на НАТО и руски претставници се состанаа за да ги објаснат одлуките донесени на неодамнешниот самит на Алијансата и да се обидат да ги намали тензиите со Москва. Средбата на Советот НАТО-Русија се одржува во седиштето на НАТО во Брисел. Минатата недела на Самитот во Варшава земјите членки се согласија да го зајакнат своето воено присуство во Источна Европа, како одговор на агресија на Москва во Украина. НАТО ќе испрати околу 4.000 војници во Полска и во балтичките држави.

Холандската амбасадорка во НАТО рече дека на денешниот состанок се разговара и за ситуацијата во Украина и во Авганистан.

Русија силно ја критикуваше одлуката на НАТО, обвинувајќи го сојузот за агресија и предупреди дека ќе реагира на распоредувањето на војниците во близина на нејзините граници.

На 10 јули, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров обвини дека НАТО ја демонизира Русија и живее во земјата на чудата, кога замислува непостоечка закана од Исток.