СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за минималната плата

Платите на многу работници во државата не ги покриваат неопходните трошоци за живот и оти тоа е особено забележливо во текстилната индустрија, изјави претседателот на Комисијата за економија на СДСМ и член на Извршниот одбор Драган Тевдовски

„Сегашната утврдена минимална нето плата изнесува 10.080 денари, а 9.000 денари за текстилната и кожената индустрија, што е далеку од доволно за задоволување на животните трошоци. Ние ќе определиме минималната нето плата да изнесува 12.000 денари во 2017 година и да важи и за текстилната и кожената индустрија“, рече Тевдовски.

Тој вели дека целта на СДСМ е во 2019 година минималната плата да изнесува 15.000 денари.

На неговата изјава реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека во времето на СДСМ работниците земале по пет илјади денари, а минималната плата е воведена кога ВМРО-ДПМНЕ дошла на власт.