Русија му забрани влез на шефот на американските медиуми

Џеф Шел, претседателот на Бордот на гувернери за емитување програма, коешто е американска агенција под чија контрола се сите американски државни невоени медиуми, меѓу кои и Радио Слободна Европа и нејзината програма на руски јазик, накратко бил уапсен на аеродромот Шереметјево во Москва и не му било дозволено да влезе во земјата и покрај тоа што имал виза за влез во Русија. Шел, кој воедно е и претседател на NBC Universal одговорен за филмска продукција бил уапсен од страна на руските безбедносни служби по полноќ на 13 јули откако со лет од Прага пристигнал во Москва. Тој неколку часа бил сместен во затворена просторија и му било кажано дека доживотно му е забранет влез во земјата. Потоа тој бил испратен со придружба на лет за Амстердам, изјави Шел за Њујорк тајмс. Претставници на ББГ се состанале денеска со американскиот амбасадор во Москва, Џон Тафт за да дискутираат за инцидентот.