Европската комисија предлага нови мерки за азил

Европската комисија предлага нови мерки за азил, со кои ќе се отстранат разликите меѓу земјите членки поради што луѓето преферираат одредена дестинација, а избегнуваат други. Од Комисијата велат дека ќе предложат реформи со кои ќе им се овозможи на луѓето кои навистина им е потребна меѓународна заштита да ја добија брзо, но исто така на тие што немаат право на таа заштита брзо да се вратат од таму од каде што дошле. Со реформите треба да се обесхрабрат барателите кои ја поминуваат цела ЕУ во потрага по најдобар дел.