Франција ги затвори амбасадата и конзулатот во Турција

Француската Амбасада во Анкара и генералниот конзулат во Истанбул се затворени од безбедносни причини и тие го откажаа празнувањето на националниот празник, 14 јули. Информациите ни укажуваат на сериозни закани против плановите за празнување на 14 јули во Турција, се вели во соопштението на турскиот Конзулат во Истанбул.