Загриженост од ОБСЕ за руската листа на терористи и екстремисти

ОБСЕ изрази загриженост по одлуката на руските власти листата на терористи и екстремисти да ја надополнат со новинари и активисти. Со објавувањето на листата новинарите се доведуваат во ризик и се загрозува нивната безбедност, стои во соопштението од претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ. Понатаму, наведува таа, дека обврска на владите е да им гарантираат сигурност на новинарите, а не да ги става во опасност.

Властите во Москва вчера ставија 22 луѓе родени во Крим на листата на терористи и екстремисти. Меѓу нив новинари, активисти за човекови права, политичари кои ја критикуваа одлуката на Москва за анкетирање на Крим. На листата се најде и Микола Семена, кој соработува со Радио Слободна Европа.