Уште еден кандидат за лидер на британските лабуристи

Уште еден кандидат влезе во трката за соборување на претседателот на опозициската Лабуристичка партија на Велика Британија Џереми Корбин.

Пратеникот Овен Смит денеска објави дека сака да биде следен лидер не само на Лабуристичката партија, туку и иден премиер. Смит и се приклучи на Ангела Игал која веќе се кандидираше на изборите за лидер на партијата. Победникот се очекува да биде објавен во септември.

Кампањата за соборување на Корбин започна во пресрет на референдумот за Брегзит. Критичарите го обвинуваат дека тој не успеал да ги убеди неговите симпатизери да го задржат членството во ЕУ.