Превртен чамец со мигранти кај Лезбос

Архивска фотографија.

Грчките власти досега пронајдоа тела на четири лица, меѓу кои две деца, кои се удавиле по превртувањето на чамец со мигранти во близина на островот Лезбос.

Грчката крајбрежна стража соопшти дека се пронајдени телата на едно девојче, едно момче, на маж и жена, додека шест преживеани се извлечени од морето.

Мигрантите се наоѓале во гумен чамец со уште девет други лица и патувале кон Лезбос од турскиот брег.

Во спасувачката операција учествувале бродови на грчката крајбрежна стража и на Фронтекс.